Три осигурителни компании доставиле понуди на тендерот на Македонски пошти, откако изгоре дел од главната зграда во центарот на Скопје. Ова се дознава неофицијално, додека од Пошти официјално не соопштуваат колку компании се пријавиле. На 15 јануари избувна голем пожар во главната зграда на Македонски пошти во којшто изгоре покривот, шалтер салата и некои канцеларии од вториот кат, но и муралите на Борко Лазевски. Се уште не се знае точната причина поради којашто избувна пожарот, директорот на Македонски пошти претпоставуваше дека имало спој на електрични жици. Но Од МВР се уште не ја соопштиле точната причина за пожарот. Еден ден по пожарот Алити откри дека поштата не била осигурена, но тогаш тврдеше дека тендерот е распишан, но уште не е завршен.
Три осигурителни компании доставиле понуди на тендерот на Македонски пошти, откако изгоре дел од главната зграда во центарот на Скопје.
Ова се дознава неофицијално, додека од Пошти официјално не соопштуваат колку компании се пријавиле.
На 15 јануари избувна голем пожар во главната зграда на Македонски пошти во којшто изгоре покривот, шалтер салата и некои канцеларии од вториот кат, но и муралите на Борко Лазевски.
Се уште не се знае точната причина поради којашто избувна пожарот, директорот на Македонски пошти претпоставуваше дека имало спој на електрични жици. Но Од МВР се уште не ја соопштиле точната причина за пожарот.
Еден ден по пожарот Алити откри дека поштата не била осигурена, но тогаш тврдеше дека тендерот е распишан, но уште не е завршен. Тогаш Алити изјави дека тендерот ќе важи ретроактивно и дека осигурителната компанија којашто ќе го добие тендерот ќе треба да ја надоместат штетата од пожарот.
Но тендерот беше распишан три дена по пожарот, а рокот за доставување на понудите беше до денеска.